20/04/2015

ПИСМО ОД УРЕДНИКОТ

Нашето постоење како единки и сето наше досегашно опстојување е поврзано со концептот на ЦРНО и БЕЛО, ДА или НЕ, Џа или Бу, 0 и 1... Низ еволуцијата сме создале способност за комуникација, коресподенција или разбирање преку создавање на нијансите помеѓу Белата и Црната боја и така настана сево ова сивило околу нас, за припадничките на понежниот пол попознато како „50 нијанси Сиво“. Како и да е! Дали да зборуваме за Љубов, Спорт, Секс, Филозофија, Религија, Култура, Храна, Уметност, или пак воопштено за самото живеење. Некако најсигурно се осеќаме во таа СИВА зона, секако дека би било така кога граничните екстреми на оваа зона се Црната, на една, и Белата, на друга страна. Низ сето тоа патување од белата кон црната боја ни се случува баш се во животот, но ако подобро се присетиме, во сето тоа сивило има моменти, микронски точки на МАГЕНТА, (Магента една од четирите бои кои го сочинуваат системот CMYK кој се користи во печатарската индустрија) кои оставаат трага на нас многу посилна од покривната моќ на Црната и сите нејзини нијанси на сиво.
Иако и самите букви преку кои ќе делуваме се црни на бела основа, спелт на 0 и 1 во бинарниот систем на електронските искуцани фалјови, или една од двете страни од монетата на вистината, сепак, ќе се потрудиме и се надеваме дека ќе успееме барем на некој начин да прошараме во спектарот на боите, кои секојднево ги примате.
МАГЕНТА е нашиот начин да ве натераме да се присетите на некои моменти на радост, среќа, гнев... Алатка која треба да предизвика немир за постојаноста или мерило за промените.
Ако објективот го прифаќа сиот сноп на рефлетирана светлина, во сите нејзини нијанси, ние преку нашата печатена МАГЕНТА ќе го протолкуваме нашето искуство за истите.
Нека биде МАГЕНТА, за убо, за арно и за многу години!

 стиснете на фотографијата за бесплатно симнување

стиснете на фотографијата за бесплатно симнување на магазинот



No comments:

Post a Comment